Направете детокс супа која содржи бројни витамини и минерали кои ќе ви помогнат да ја намилите подуеноста во стомакот, да го зајакнете имуниот систем и да му помогните на црниот дроб да се ослободи од наталожените токсини.
Состав:
- 1 главица брокула
- 1 шолја спанаќ
- 1 чешне лук (излупено), 1 голем кромид
- 1 поголема тиквица
- сок од 1 лимон
- 1/2 шолја магдонос
- 1 коцка супа од зеленчук, зачини
Подготовка:
Во поголемо тенџере на маслиново масло или кокосово масло пропрржете ја главицата кромид и гответе ја околу 5 минути, потоа додадете ја тиквичката, спанаќот и брокулата и гответе уште дополнителни 5 минути.
Додадете вода и додаде ја коцката за зеленчукова супа и морска сол и црн бибер. Гответе околу 20 минути додека брокулата не е сварена. Исклучете го оганот, додадете ситно исецкано чешне лук и оставете да се излади супата околу 15 минути.
Исцедете ги тврдите од течните состојки и изблендирајте ги тврдите состојки, додавајќи ги сокот од лимон и магдоносот.
Повторно вратете ги изблендираните состојки во течниот дел од супата.
Измешајте и сервирајте ладно.
На здравје!
