ЗАБОРАВЕТЕ НА МАРГАРИН ОД ПРОДАВНИЦА: Со овој рецепт, направете домашен МАРГАРИН, кој целото семејство ќе го обожава!

Вреди да се проба:

Реклама

И почетниците ќе можат да го подготват.

Состојки:

  • 1\2 шолја млеко
  • 1 шолја масло (сончогледово или мешавина од маслиново и сончогледово) или половина чаша сончогледово масло и половина чаша кокосово масло
  • 1 жолчкa
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 1/2 лажичка сол

Подготовка:

Ви треба миксер, две чинии (со различна големина, за да можат да се вклопат една во друга) и мраз.

Реклама

Во поголем сад, искршете го мразот и додадете малку вода за да одржите температура од околу 0 степени C. Во помал сад, потопен во поголемиот со мраз, додадете ги состојките на следниов начин:

Загрејте млеко и масло на приближно 40 степени. Во малиот сад истурете го маслото во кое претходно сте ја измешале жолчката и мешајте со најголема брзина.

Реклама

Додадете малку млеко и мешајте уште две минути додека не се соединат водата и маслото. Додадете сок од лимон и сол и нежно мешајте додека не се згусне маргаринот. Ако сакате, на крајот можете да додадете малку зачин по желба.

Префрлете го маргаринот во сад за складирање и чувајте го во фрижидер. Најдобро е да го користите во рок од два до три дена.

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -