Реклама
Подгответе едноставен и многу вкусен ручек со леќа и колбаси.
Состојки:
- 300 гр. леќа
- 5 чешниња лук
- 3 глави кромид
- 2 Моркови
- Маслиново масло
- 200 гр. чаден колбас
- 2 компири
- 100 гр. доматно пире
Подготовка:
Се сечат ситни парчиња од лук, кромид и моркови и се ставаат во тава за пржење. Се додава маслиново масло и се става тавата на оган.
Реклама
Откако ќе омекнат, се додаваат леќата и колбасите сечени на тенки на кругови.
Се оставаат малку да се пржат, па потоа се додава топла вода колку да ја покрие смесата и се остава чорбата да се вари на загреана рингла.
Реклама
Откако ќе зоврие, се додаваат исечканите и излупени компири, доматниот сос и се зачинува по вкус со сол и бибер.
Чорбата се вари уште 20 минути, а потоа се послужува топла.
Добар апетит!
