Мусака со тиквички е одлична идеја за совршен оброк!
Мусаката со месо е јадење кое не се отфрла, но кога надвор е топло повеќе сакаме да јадеме нешто лесно. Ако можете да замислите ручек без месо, тогаш задолжително пробајте го рецептот за печени тиквички и компири. Кога ќе ги премачкате со фантастичен прелив и ќе ги посипете со сирење, ќе добиете супер ручек.
Состојки:
- 500 мл павлака за готвење
- 160 гр тврдо сирење
- 1 млад кромид
- 2 чешниња лук
- 6 тиквички
- 400 гр компири
Подготовка:
Павлаката изматете ја кратко, па додајте ги исецканите младиот кромид и лукот, промешајте, а потоа додадете половина од ренданото сирење. Тиквичките и компирите исечкајте ги на прстени, па зачинете, додадете масло, па добро измешајте.
Наредете ги тиквичките и компирите по должина во огноотпорен сад подмачкан со масло. Прелијте со добиената смеса и посипете со преостанатото рендано сирење. Се пече во рерна на 180 ° C околу 50 минути.
Пријатно!
