Реклама
Подгответе едноставно и вкусно јадење, пржени јајца со везеници на старински начин. Станува збор за пржени везени суви пиперки помешани со малку јајца и урда. Готово е за миг, уживајте во вкусот!
Состојки:
- суви пиперки везени, (може и лути или мешани)
- 5-6 јајца
- малку масло,
- сол по вкус
- малку урда по желба
Подготовка:
Се варат сувите пиперки во вода. Кога се сварени се цедат па се сечкаат.
Реклама
Пиперките се пропржуваат малку во масло и се додава урда по ваша желба. Потоа се истураат 5-6 матени јајца и се допржува се заедно.
Пред крај се зачинува со сол по вкус.
Реклама
Добар апетит!
