Техниките за декупаж ќе ве воодушеват.
Велигден е една од најубавите можности за украсување на домот и користење на креативноста во бојадисувањето на јајцата. Техниките за декупаж се едни од најефикасните, а во исто време и наједноставните. Оваа година задолжително пробајте го овој начин на украсување.
Не ви треба ни лепак или боја. Ваквиот начин на украсување на јајцата е пред се еколошки и нема страв од отровни материи. За декорација ќе ви треба само еден слој салфетка, онаа каде што е мотивот што сакате да го ископирате на јајцето.
Од материјалите за техника на декупаж ви требаат:
- белка од јајце
- ножици
- исечоци или мотиви од салфетки
- четка
Постапка:
Вареното јајце премачкајте го со белка од јајце и залепете го мотивот од саканата салфетка, па повторно премачкајте го со белка одозгора и оставете да се исуши. И тоа е се.
Внимавајте при лепењето на салфетката да не ви се искине или истутка, се друго е лесно. Уживајте во подготовката.
