Реклама
Да се потсетиме на традиционалните јадења.
Состојки:
- 3 компири
- 3 моркови
- 2 свежи пиперки
- 2 домати
- 1 кромид
- 1 страк праз
- 5 чешниња лук
- 2 помали тиквички
- половина од помала главица зелка
- 20 гр бамји
- 350 гр свежо месо на парчиња
- сол
- бибер
- сув зачин
- масло
- магдонос
Подготовка:
Измијте го и исечете го целиот зеленчук на помали парчиња освен бамјите кои треба да бидат цели и зачинете по вкус.
Реклама
Подмачкајте глинен сад со масло, или доколку немате таков сад може и подлабоко тенџере.
Потоа почнете да редите во садот, ред месо, ред зеленчук наизменично. Истурете вода врз сето тоа да прелие и печете 2,5 до 3 часа во рерна на 200 степени. Додадете го магдоносот малку пред крајот.
Реклама
Пријатен апетит!
