Толку кремаста и вкусна: Рецепт за густа супа од печени печурки!

Вреди да се проба:

Реклама

Крем супа од печурки е на списокот на многу омилени јадења. Доколку сакате да го продлабочите нејзиниот вкус, би било добро печурките да ги испечете во рерна пред да ги измешате со други состојки и да ги послужите како супа.

Состојки:

  • 400 мл бистра пилешка супа
  • 250 грама печурки
  • 125 мл крем за готвење
  • 125 мл млеко
  • 2 главици кромид
  • 2-3 чешниња лук
  • 2 лажици путер
  • 1 лажичка свежа мајчина душица
  • 1 лажичка рузмарин
  • сол и бибер по желба
  • маслиново масло

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200  степени Целзиусови. Исчистените печурки, посолете ги, ставете бибер, преполовете ги и истурете малку маслиново масло. Зачинете ги со рузмарин. Ставете ги печурките во рерна околу 15 минути.

Реклама

Во меѓувреме, сецканиот кромид пржете го во малку стопен путер и со свежи лисја од мајчина душица. Пржете додека кромидот не омекне и лесно карамелизира. Ќе ви требаат околу десет минути да го направите ова.

Додадете го исечканиот лук и оставете го да врие уште една минута. Ставете ги печените печурки и запржениот кромид со лук во блендер со малку крем за готвење и блендирајте додека не добиете мазна смеса.

Реклама

Пренесете ја мешавината од печурки и кромид во тенџерето, додадете пилешка бистра супа, остатокот од кремот за готвење и млекото. Добро промешајте. Гответе на тивок оган околу 15 минути или додека не се соединат вкусовите.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -