Реклама
Одличен предлог како да направите салата од моркови.
Состојки:
- 500 гр. моркови
- 100 гр. мајонез
- 1/2 зелена јаболка
- 1 лажица рендан рен (купечки од тегла)
- сол по вкус
Начин на подготовка:
Исчистете ги морковите и изрендајте ги на едро ренде.
Реклама
Јаболката олупете ја и исчистете од семиња. Насечете ја на мали ситни коцки и измешајте ја со мајонезот и 1 лажица рен.
Во длабок сад ставете ги ренданите моркови и додадете го сосот со мајонез, јаболка и рен. Посолете по вкус и желба. Декорирајте со ситно сецкан магдонос.
Реклама
Совет плус: Ако скакате салатата да биде посна, заменете го мајонезот со домашно подготвен дресинг од 100 гр. тофу (соино сирење) и 1-2 лажици маслиново масло, или пак со едноставно заменете го со посен мајонез.
На здравје!
