Ручек за вистински гурмани: Свински бут во разнобоен зеленчук!

Вреди да се проба:

Реклама

Гурманско јадење кое ќе ве остави без зботрови.

Состојки:

  • 1 димен свински бут
  • 3-4 компири
  • 2 моркови
  • 3-4 чешниња лук
  • 2 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 жолта пиперка
  • 1 брокула
  • 100 гр слатка пченка
  • малку бело вино
  • малку вода
  • 100 гр путер
  • сол, мешавина од зачини
  • бибер, ловоров лист
  • малку соја сос

Подготовка:

Бидејќи свинскиот бут е димен, не е потребно повеќе од еден час да се пече во рерна. Земете подлабоко огноотпорно плехче, премачкајте го бутот со зачини по вкус, сол, бибер. Во сад измешајте бело вино, вода, соја сос, путер.

Реклама

Истурете се врз свинскиот бут. Додадете ловоров лист и покријте го со капак или фолија. Печете околу 30 минути.Додека бутот е во рерна, подгответе свеж зеленчук, исечете го кромидот на големи парчиња, црвена пиперка, жолта пиперка, брокула, лук, морков, пченка.

Додадете сол, бибер и добро промешајте. Извадете го бутот, а потоа наредете го зеленчукот наоколу и вратете се во рерна уште половина час. Не треба да се покрива за да испари вишокот течност и бутот да добие убава кора.

Реклама

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -