РУЧЕК ЗА ДЕНЕС: Оригинална кафанска телешка чорба!

Вреди да се проба:

Реклама

Јадење на кое никој не може да одолее.

Состојки:

  • 500 грама телешко месо од бут или врат
  • 1 кромид
  • 2 моркови, пашканат, магдонос
  • 1 корен од целер
  • 2 компири
  • 1 дцл масло
  • 2 лажици брашно
  • 2 дл павлака
  • 1 жолчка од јајце
  • сол
  • бибер
  • лорбер
  • малку лист од магдонос

Подготовка:

Кромидот ситно се сечка, па се динста во масло. Додадете го месото исечкано на коцки (и коските, доколку ги има), истурете вода да се крчка и динстајте на тивок оган околу еден час.

Реклама

Додадете зеленчук исечкан на коцки, сол, бибер и прелијте околу 2 литри вода. Направете паста од две лажици брашно и сe заедно варете уште половина час.

Пред сервирање, во готовата супа измешајте павлака со изматена жолчка и посипете со ситно сечканиот магдонос. По желба, телешката супа може да се закисели со оцет или сок од лимон и малку рендано лукче.

Реклама

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -