Овој специјалитет е одличен предог за вкусен семеен ручек. Уште повкусно доколку имате домашно свинско месо и место масло го пржите на маст.
Потребни состојки:
- 500 гр. свинско месо,
- 3-4 страка праз,
- 3-4 суви пиперки,
- црн бибер,
- црвен пипер,
- сол по потреба.
Начин на приготвување:
Исечете го месото на ситни парчиња, измијте го и ставете го вo длабока тава да се пржи на масло.
Празот исечете го на покрупни парчиња. Кога ќе се вцрви месото додајте го празот.
Сувите пиперки исечете ги на ситни парчиња и додајте ги кога ќе омекне празот. Пропржете ги заеднo сo месото и празот и посипете ги сo мелен црвен пипер и црн бибер. Зачинете со сол по ваша желба.
Се сервира со туршија или пире oд компири.
Имајте пријатен апетит!


![[ВИДЕО] Тајниот рецепт за омиленото јадење на Јосип Броз Тито: Го јадел барем еднаш неделно, а ретко кој умее вака да го подготви](https://receptizahrana.com/wp-content/uploads/2025/01/tito-265x198.png)
