Реклама
Совршено вкусен посен ручек!
Состојки:
- 700 грама бел грав
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- грст магдонос
- 4 страка праз
- 1-2 лажици црвен пипер
- бибер
- сол
- зачин
- презла
Подготовка:
Сварете го гравот на тивка температура па потоа исцедете го од вишокот течност. Потоа испасирајте.
Реклама
Можете да го прелиете со вода и да го оставите преку вечер за полесно и побрзо да го зготвите.
Додадете во пасираниот грав 1 чешне лук, 1 грст магдонос иситнет, 1-2 лажици црвена пиперка, бибер, сол, сув зачин и 4 лажици презла. Потоа направете топчиња (големина по ваш избор).
Реклама
Исецкајте 4 поголеми страка праз, издинстајте го празот па наредете ги ќофтињата на празот.
Загрејте 100 мл масло, додадете 1 лажица црвен пипер, па прелијте ги ќофтињата. Печете во рерна на 200 степени, 20 минути.
Добар апетит!
