Како што експериментираме со мусака, исто е и со ова омилено јадење во кое, покрај тиквичките, сирењето игра главна улога!
Состојки:
- 500 гр кори за лазања
- 500 гр тиквички
- 150 гр Гауда
- 150 гр моцарела
- 300 гр крем сирење
- 70 гр пармезан сирење
- масло по потреба
- сол по вкус
За бешамел сос
- 100 гр путер
- 2 лажици брашно
- 500 мл млеко
- сол по вкус
- црн пипер по вкус
Подготовка:
Излупете ги тиквичките, исечете ги на парчиња (широки ленти), посолете ги и оставете ги да се исцедат 15 минути, потоа печете ги на скара (може и во тава) во маслиново масло додека не добијат убава боја.
Измешајте го крем сирењето и пармезанот. За бешамелот, растопете го путерот, додадете го брашното, измешајте и кога ќе порумени, прелијте со ладно млеко. Гответе додека сосот не се згусне, потоа додадете сол и црн пипер.
Обложете го дното на садот со бешамел, потоа нанесете дел од тестото за лазањи врз него. Ставете еден ред тиквички врз кората, нанесете ја смесата од сирење врз нив и наросете ги со парчиња моцарела. Повторно прелијте го бешамелот, ставете слој кора одозгора и повторете го целиот процес. Завршете со кори прелиени со бешамел и моцарела.
Печете ги лазањите 45 минути на 200 степени или додека горната кора не порумени убаво.
Пријатен апетит!
