Полнети палачинки СО ТАРТАР СОС: Повкусни не сте пробале!

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусни се за било која прилика. Можете да ги послужите за доручек, вечера или пак како мезе.

Состојки:

  • 20 готови палачинки
  • 3 варени јајца
  • 100 гр шунка
  • 4 кисели краставички
  • брашно
  • јајца
  • сусам

ЗА СОС ТАРТАР:

Реклама
  • 100 гр мајонез
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 1 ситно рендана кисела краставица

Подготовка:

Палачинките направете ги најпрвин по рецепта која вие најчесто ги правите. Така спремени палачинките оставете ги настрана и започнете со подготовка на останатите состојки за овој рецепт.

Варените јајца, шунката и краставиците исечкајте ги на коцки и измешајте ги заедно. Земете од палачинките една и во средината ставете од смесата која ја добивте а потоа завиткајте ја палачинката како сарма. Направете така со остатокот од палачинките.

Реклама

Во мешавина од брашно, јајца и сусам извалкајте ги палачинките а потоа пропржете ги во загреано масло. За тартар сосот измешајте ги сите состојки и убаво изладете го. Послужете ги палачинките со сосот.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -