Реклама
Пита со месо, прсти да излижеш!
Потребни состојки:
- 500 г мешано мелено месо
- 1 кесичка фант за мелено месо
- 200 г шунка за пица, на ленти
- 200 г кашкавал за пица или по избор
- 1 лиснато тесто
- 1 јајце за премачкување
Подготовка:
Врз лиснатото тесто ставете мелено месо кое сте го помешале со фант, па врз месото наредете шунка и кашкавал.
Реклама
Свиткајте во ролат, премачкајте со јајце и доколку сакате можете да наросите со сусам. Печете во рерна на 180 степени околу 40 минути.
Питата можете да ја послужите топла и ладна.
Реклама
Наведените состојки се доволни за една пита.
Добар апетит!
