Реклама
Ова е идеален рецепт за ручек за целото семејство. Рецептот не содржи многу масти, а е во исто време многу вкусен.
Потребни состојки:
- пилешко месо (батаци без коска, пилешки гради, копани)
- 3 лажици маслиново масло
- сок од два лимони
- 1 лажица мед
- 2 чешниња лук
- 1 лажица куркума
- 1 лажица ситно исецкан ѓумбир
- сол и црн бибер
- магдонос за декорација
Подготовка:
Најпрво направете ја маринадата со мед и лимон. Имешајте 2 лажици маслиново масло, сок од лимон, лук, ѓумбирр, куркума, мед.
Реклама
Додадете го пилешкото во маринадата и прелијте го поддеднакво од сите страни. Смесата прекријте ја со фолија и оставете ја во фридижер да се излади и отстои до 2 часа.
Загрејте ја фурната на 200 степени. Во нелеплива тава за печење истурете ја целосната содржина (маринатадата + пилешкото) и ставете да се пече.
Реклама
Печете додека пилешкото не добие златникава боја.
За сервирање поросете со ситно сецкан магдонос.
Може да служи во комбинацја со ориз и ситно сецкано младо кромидче.
