Пробајте пилешка салата од сусам според овој едноставен рецепт.
Велигденските празници се ближат, а домаќинките веќе размислуваат како својата празнична трпеза да ја направат што е можно поразновидна. Покрај главното јадење и малите колачи, важно е какво ќе биде мезето. Освен императивот дека јадењата се вкусни, треба да се води сметка и за времето на подготовка, но и за економичноста.
Кремастата салата со пилешко е евтино јадење кое нема да ви одземе многу време за подготовка, а пржениот сусам и дава посебен вкус на оваа салата.
Состојки:
- 700 гр пилешко бело месо
- 150 гр семе од сусам
- 200 гр кисели краставички
- 200 гр мајонез
- 400 гр кисела павлака
- 1 коцка супа
- сол, бибер
Подготовка:
Во загреана тава напечете го сусамот, внимавајќи да не изгори. Во шерпа ставете ги пилешките гради, налејте вода да кисне и додадете ја коцката за супа.
Гответе го пилешкото 30 минути, додавајќи вода по потреба. Извадете го пилешкото од шерпата и оставете го да се излади, па исечете го на коцки, како и корнишоните.
Мајонезот, павлаката, сусамот, корнишоните, пилешкото се ставаат во еден сад и сето убаво се меша, па се зачинува со сол и бибер по вкус. Салатата ставете ја во фрижидер да се излади, па послужете ја.
Пријатно!
