Реклама
Брз и едноставен појадок. Не сте пробале толку вкусни мафини.
Состојки:
- 100 гр кулен
- 3 јајца
- 300 мл јогурт
- 200 гр мумурузно брашно
- 200 гр пченично брашно
- 1 дцл масло
- 1 лажиче прашок за пециво
- 150 гр мешавина од пиперка, домат и кромид
- 100 гр семки од сончоглед
- 1 лажиче сол
Подготовка:
Земете еден поголем сад, и во него измешајте ги сите состојки кои се погоре наведени. Треба да добиете убаво измешано течно тесто. Распоредот на додавање на состојките не е битен.
Реклама
Во подмачкан калап за мафини, истурете го тестото и печете на 180 степени 20 минути.
Вашиот појадок е готов.
Реклама
Добар апетит!
