Свинските шницли во сос се идеални за семеен ручек.
Секоја домаќинка има свој омилен рецепт за стек. Некои ги пржат на длабоко масло, а други повеќе ги сакаат печените во фини сосови.
Тешко е да се најде некој кој нема да го сака ова јадење, а сосот е особено вкусен и одлично оди со пире од компири или некои тестенини. На овој начин подготовката е многу едноставна и лесна, месото ќе биде совршено меко и сочно.
Состојки:
- 500 гр свинско месо
- 200 мл павлака за готвење
- 200 гр кашкавал
- 200 гр крем сирење
- 2 чешниња лук
- сол, бибер
- свеж магдонос
- зачин
Подготовка:
Свинското филе исечете го на шницли, па исчукајте го со чекан за месо и посолете го. Тавата во која ќе го печете месото намачкајте ја со малку масло, па наредете ги шницлите.
Кашкавалот изрендајте го на поголем ренде, па измешајте го со крем сирењето и павлаката за готвење. Добиената смеса прелијте ја врз месото.
Лукот исечкајте го на ситни парчиња, па рамномерно распоредете го преку месото и додадете го зачинот. Се пече во загреана рерна на 200 степени еден час. Готовото јадење посипете го со листови од магдонос и послужете со пире од компири или тестенини.
Пријатно!
