Реклама
Оваа салата може да се приготвува во текот на целата година се додека има свежи пиперки. Најдобро е да го комбинирате со грав и разновидни јадења со месо.
Состојки:
- 10 пиперки
- 3 чешниња лук
- 50 мл масло за јадење
- 50 мл оцет
- Сол
Подготовка:
Свежите пиперки се мијат, сушат и се печат од сите страни. Откако ќе се испечат убаво, ставете ги во сад и покријте ги со кеса додека не се изладат. Кога ќе се исладат излупете ги.
Реклама
Откако ќе ги излупите пиперките, исцепкајте ги на ленти а и не морате, можете целосно да ги ставите во садот во кој ќе ги послужите, додадете ситно сечкан лук, сол и прелијте со масло за јадење и оцет.
Оставете малку на страна за да се соединат вкусовите и претопат еден со друг.
Реклама
Пријатно!
