Печени мини закуски од макарони и сирење: Направете лесно јадење за целото семејство!

Вреди да се проба:

Реклама

Некои парови едноставно имаат смисла, како што се тестенините и сирењето.

Има ли нешто што побрзо исчезнува од чинија со макарони и сирење? Најверојатно не. Но, ако класичната порција ја замените со фини мини грицки, ќе добиете уште поголемо задоволство од истиот вкус. Крцкави од горе, а меки и лепливи одвнатре, овие мини закуски ќе станат омилен избор на вашите малечки, а можете да ги послужите и како префинето предјадење.

Реклама

Состојки:

  • 450 гр тестенини
  • 3 лажици путер
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • ¼ чаши брашно
  • 2 и пол чаши млеко
  • сол и бибер
  • 2 шолји рендано бело чедар сирење
  • 2 шолји рендано жолто чедар сирење

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 250 степени. Два калапи за мафини премачкајте ги со спреј против лепење или премачкајте ги со маргарин. Во поголемо тенџере сипете вода, посолете и оставете да зоврие. Додадете макарони и варете според упатствата. Кога е готово, исцедете ги и оставете ги на страна.

Во голема тава растопете го путерот на средна температура, па додадете го црвениот кромид. Динстајте додека не замириса. Потоа додадете го лукот и динстајте уште една минута. Посипете го брашното врз кромидот и динстајте уште 2 минути, мешајќи. Додадете млеко и изматете. Оставете ја смесата да зоврие на средна топлина, а потоа зачинете со бибер и сол.

Реклама

Тргнете го од оган, и додадете го белиот чедар и половина од жолтото сирење. Мешајте додека не се растопи сирењето. Сварените макарони измешајте ги во подготвениот сос.

Со лажица истурете ја смесата од макароните и сирењето во калапите за мафините. Над секој залак посипете малку жолто чедар сирење и ставете го во рерна. Печете додека не се растопи кашкавалот и не поруменат, околу 15 минути. По печењето се оставаат да се изладат околу 10 минути, па се вадат од калапот.

Пријатно!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -