Компирите и кромидот прелиени со сирење се вистинско уживање за непцето и затоа мора да го пробате овој рецепт.
Состојки:
- 4 компири сецкани на кришки
- 1 сецкан кромид на прстени
- сол
- бибер по вкус
- 3 лажици путер
- 3 лажици брашно
- 1/2 лажичка сол
- 500 мл млеко
- 150 грама сечкано сирење
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени, а садот за печење (димензии 20х20) премачкајте го со путер или масло. Во подготвен сад за печење ставете ги сечканите компири и кромидот еден по друг.
Додадете сол и бибер по вкус. Во тава со средна големина стопете го путерот на средно висока температура. Измешајте брашно и сол и постојано мешајте една минута. Ставете го млекото во садот и истурете ја подготвената мешавина па промешајте го млекото и варете додека смесата не се згусне.
Ставете го и сирењето и продолжете да мешате додека се не се стопи и смесата не се изедначи (приближно 30 до 60 секунди). Со смесата прелијте ги компирите и покријте го садот со алуминиумска фолија. Печете 90 минути во загреана рерна.
