Без разлика дали ќе го изберете овој вкусен специјалитет за ручек или вечера, изборот е ваш. Љубителите на месото ќе уживаат во ова јадење. Предлагаме специјалитет во кој ќе ужива целото семејство.
Состојки:
- 6 шницли говедско месо
- 10 парчиња сланина
- 300 грама кашкавал
- 1 лажица путер
- зачини по ваш избор
- една чаша коњак
Подготовка:
Завиткајте ги шницлите во кашкавал, па така обликувани, завиткајте ги во сланина и фиксирајте ги со чепкалка за заби.
Во поголема загреана тава, ставете ги преостанатите 4 парчиња сланина и оставете да се пржат малку за да се подобри вкусот. Кога ќе станат крцкави, тргнете ги од оган и држете ги топли.
Во истата тава, додадете лажица путер да се стопи и испржете ги медалјоните од сите страни. Кога ќе се испечат медалјоните, додадете малку коњак и оставете ги да се крчкаат уште малку. Секако, додека сето тоа крчка, додадете зачини по ваш избор. Уживајте во вкусното јадење.
Пријатнен апетит!
