Омилен специјалитет: Медалјони од говедско месо со кашкавал и сланина!

Вреди да се проба:

Реклама

Без разлика дали ќе го изберете овој вкусен специјалитет за ручек или вечера, изборот е ваш. Љубителите на месото ќе уживаат во ова јадење. Предлагаме специјалитет во кој ќе ужива целото семејство.

Состојки:

  • 6 шницли говедско месо
  • 10 парчиња сланина
  • 300 грама кашкавал
  • 1 лажица путер
  • зачини по ваш избор
  • една чаша коњак

Подготовка:

Завиткајте ги шницлите во кашкавал, па така обликувани, завиткајте ги во сланина и фиксирајте  ги со чепкалка за заби.

Реклама

Во поголема загреана тава, ставете ги преостанатите 4 парчиња сланина и оставете да се пржат малку за да се подобри вкусот. Кога ќе станат крцкави, тргнете ги од оган и држете ги топли.

Во истата тава, додадете лажица путер да се стопи и испржете ги медалјоните од сите страни. Кога ќе се испечат медалјоните, додадете малку коњак и оставете ги да се крчкаат уште малку. Секако, додека сето тоа крчка, додадете зачини по ваш избор. Уживајте во вкусното јадење.

Реклама

Пријатнен апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -