Реклама
Идеален десерт со денешниот ручек.
Состојки:
- 200 мл млеко
- 20 гр квасец
- 1 лажица шеќер
- малку сол
- 2 јајца
- 500-600 гр брашно
- малку џем
- 100 гр мелени ореви
Подготовка:
Стопете го квасецот во малку млако млеко, додадете шеќер, јајце и изматете се добро. Додадете го остатокот од млекото и маслото, како и брашното и солта.
Реклама
Месете помеко тесто и оставете го да нарасне. Тестото развлечете го за половина см, намачкајте го со џем и посипете го со мелени ореви и завиткајте го во ролна.
Користете остар нож, пресечете го ролатот на половина по должина, а потоа плетете ја плетенката, преклопете ја на половина и плетете ја повторно.
Реклама
Ставете го во намастен плех и оставете да нарасне. Премачкајте со жолчка од јајце. Печете на 200 степени Ц, а потоа намалете на 180 степени и печете 35-40 минути.
Исечете кога е ладно.
Добар апетит!
