За слава секогаш ни требаат мали колачи, а ако се прават без да се запали рерната и од една смеса да добиете три различни видови, тогаш тоа е полн погодок.
Ова е таков рецепт, а ако ви требаат повеќе колачи, само дуплирајте ја смесата. Покрај малите колачи, можете да направите и едноставна торта како што е киндер буено.
Состојки:
За смесата:
- 200 мл вода
- 150 гр путер
- 50-100 гр шеќер
- 100 гр бело чоколадо
- 250 гр мелени бисквити
- 50 гр мелени (ситно сечкани) лешници
За гнезда од бели лешници:
- бел дел од еуркрем
- мелена плазма и лешници
За топчиња полни со крем:
- еурокрем
- кокос
За чоколадни штангли:
- околу 100 гр чоколадо со бисквити (може да се направи и со лешници)
- 2 лажици масло
Подготовка:
Во водата додадете путер, шеќер и бело чоколадо. Растопете, па истурете мелени лешници и бисквити, промешајте. Оставете ја смесата да се излади 1-2 часа.
Смесата поделете ја на 3 еднакви делови. Од првиот дел се прават како мини плескавици, се виткаат лешници, па се прави дупка на едниот крај од колачето и се прелива со белиот дел од еурокремот.
Од другиот дел од смесата се зема малку, се прелива еурокрем и се обликуваат топчиња. Се тркалаат во кокос.
Од третиот дел од смесата направете мини штангли кои ќе ги потопите во чоколадото кое сте го стопиле со масло.
Пријатно!
