Реклама
Ако се предозиравте со храна и пијалоци претходниот период, направете го ова денес. Лесна супа која ќе му даде свежина на вашето тело.
Состојки:
- 1 кромид
- 1 морков
- 1 компир
- 500 мл сок од домати
- 500 мл вода
- малку сол и бибер
- магдонос
Подготовка:
Ставете малку масло во тенџере, а потоа исечкајте го морковот и кромидот и издинстајте. Додадете компир и вода, а потоа зачинете и варете.
Реклама
По 15 минути, изгмечете се со пасатор додадете сок од домати и свеж магдонос и варете уште десет минути.
Доматот содржи многу ликопен, кој е еден од најсилните и најефикасните антиоксиданси. Посебно внимание кога станува збор за здравјето на луѓето се посветува на варени домати и сок направен од нив.
Реклама
Исто така, ова познато овошје е богато со витамини Б, Ц и Е, а исто така може да се пофали и со голема количина железо, бакар, манган и многу калиум.
Добар апетит!
