Реклама
Неверојатна арома, прекрасен вкус!
Состојки:
- 430 гр брашно
- 1 прашок за пециво
- 2 лажици шеќер
- 1 лажичка сол
- 330 мл пиво по можност Старопрамен
- 2 лажици масло
- околу 100 гр рендано сирење
- 4 тенки парчиња сланина, ситно сецкани
- 1 млад кромид (зелениот дел)
Подготовка:
Вклучете ја рерната на 190 степени да се загрее.
Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, шеќер и сол, а потоа додадете пиво и масло и месете го тестото. Потоа додадете сирење, сланина, ситно исечен млад кромид, измешајте убаво за да се распространат состојките рамномерно низ тестото.
Реклама
Ставете правоаголен плех со димензии 23 x 9 цм со хартија за печење, а потоа ставете го тестото и израмнете го. Печете еден час, почекајте да се олади и исечете.
Добар апетит!
