Реклама
Ако барате рецепт за појадок или вечера што вашите деца ќе го обожаваат – го најдовте.
Состојки:
- 3 кисели краставички
- 50 гр сув врат или печеница
- 60 гр кашкавал
- 60 гр мајонез
- 60 мл павлака
- малку лук во прав
- 1 јајце
- 8 парчиња леб
- шери домат
Подготовка:
Исечкајте ги краставиците ситно, сторете го истото со сувиот врат или печеница. Изрендајте го кашкавалот. Измешајте сe заедно. Додадете мајонез и павлака. Додадете сол и лук во прав.
Реклама
Сега секое парче од лебот намачкајте го со оваа смеса која ја подготвивте и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Ставете во рерна и печете 20 минути на 200 степени додека не поруменат. Одозгора наредете шери домати за декорација.
Пријатно!
Реклама
