Ако ви останува леб, еден од начините на кој можете да го користите е со подготовка на миризливи нафори со лукче. Сè што ви треба (освен леб и лук) е малку пармезан што ќе ја заокружи целата приказна.
Иако звучи прилично едноставно, потпечено лепче со ароматичен путер е едно од оние јадења на кои тешко може да им се одолее – веројатно заради прекрасниот слој стопен пармезан…
Ако имате билки, како рузмарин, мајчина душица – или чили, можете да си играте со комбинацијата на ароми.
Состојки:
- 4 чешниња лук
- 120 гр путер
- 1/2 лажиче сол
- 2 лажици магдонос
- 60 гр сирење (пармезан)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Поставете плех со хартија за печење или фолија.
Во мал сад измешајте омекнат путер со сецкан лук, магдонос и сол
Премачкајте ги парчињата леб со путер и посипете ги со рендан пармезан.
Печете околу 10 минути, додека лебот добие убава боја на рабовите и пармезанот се стопи.
Добар апетит!
