Предлог за вкусен ручек со компири и пилешко кој ќе им се допадне на сите.
Ручек чии состојки само се сечкаат и се ставаат во сад, а потоа се динстаат малку на шпорет или се печат во рерна се најлесниот и најбрзиот начин да се подготви вкусен оброк. Ова јадење се прави од компири и пилешко, а се прелива со уште подобар прелив од оној за мусака. Нема да се заморувате многу со подготовката, а целото семејство ќе јаде и ќе бара репете.
Состојки:
- 5 компири
- 500 гр пилешко филе
- 2 пиперки
- 1 млад кромид
- 2 чешниња лук
- 2 јајца
- 300 мл павлака за готвење
- 2 домати
- тврдо сирење
- сол
Подготовка:
Компирите, месото, пиперките, кромидот и лукот ситно исечкајте ги и ставете ги во сад. Зачинете по вкус. Потоа додадете ги ситно сечканите домати. Посипете со маслиново масло, не премногу.
Изматете ги јајцата и павлаката, па додадете го ренданото сирење и убаво измешајте. Истурете во сад и покријте со алуминиумска фолија. Печете на 230 ° C околу 30 минути.
По ова време, извадете ја фолијата и печете на 200 ° C уште 10 минути. Не ја загревајте рерната претходно бидејќи садот може да пукне, доколку користите земјен сад.
Пријатно!
