Ѓозлеме: Стар турски специјалитет!

Вреди да се проба:

Ѓозлеме е солен турски полнет леб. Тестото обично е без квасец и се прави само со брашно, сол и вода, но може да се направи и ѓозлеме од тесто со квасец. Тестото се прави тенко, а потоа се полни со разни додатоци, се запечатува и се пече.

Полнењето може да биде разни видови месо (мелено говедско, јагнешко, свежа или пушена морска храна, суџук, пастрма), зеленчук (спанаќ, тиквички, модар патлиџан, праз, блитва, разни пиперки , кромид, лук), печурки, сирења (фета, бело сирење, кашкавал), како и јајца, сезонски билки и зачини.

- Advertisement -

Состојки:

Тесто:

  • 450 гр брашно
  • 250мл млака вода
  • 1 лажичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици екстра девствено маслиново масло

Фил:

  • 300гр мелено говедско месо
  • 1 среден кромид
  • 2 помали печени црвени пиперки
  • масло по потреба
  • 2-3 гранчиња магдонос
  • 1 лажичка црвен пипер
  • сол и бибер по вкус

Подготовка:

Ставете лажичка шеќер, сув квасец и брашно во 100 мл млака вода. Оставете да отстои околу 10 минути за да се активира квасецот. Брашното просејте го во сад за мешање и додајте сол, а потоа додадете го активираниот квасец, остатокот од млака вода и масло.

Месете мазно и фино тесто. Покријте го замесеното тесто и оставете го да стои на топло место околу 40-45 минути. Во меѓувреме, подгответе го полнењето.

На загреано масло пропржете ситно исечен кромид, па додајте мелено месо, а кога малку ќе се испржи додадете ситно исечкана пиперка. Кон крајот, додајте ситно сецкан магдонос, црвен пипер, сол и бибер по вкус, и се добро измешајте. Оставете го филот на страна малку да се олади.

Расукајте го тестото на работната маса попрскано со брашно, а потоа поделете го на 4 топчиња. Ова е за многу поголемо ѓозлеме, а доколу сакате можете да го поделите тестото на помали парчиња, бидејќи е попогодно.

Секое топче со сукало раширете го тенко во круг, приближно 25 см и ставете го филот на едната половина. Преклопете на половина и поврзете ги краевите на тестото со прстите. Повторете ја постапката со преостанатиот материјал.

Ставете многу малку масло на тавата што не лепи, па печете ги од двете страни додека не поруменат убаво. Послужете ги со гарнир по желба.

Пријатно!

- Advertisement -spot_img

Последни рецепти

- Advertisement -spot_img

Повеќе рецепти

- Advertisement -spot_img
error: Содржината е заклучена!