Ако планирате да го исчистите вашето тело од насобраните токсини и да го ресетирате вашето тело и едноставно да добиете повеќе енергија и да се чувствувате подобро, овој пијалок е токму за вас.
Црната лимонада ќе го исчисти телото од токсини, ќе го исчисти црниот дроб и ќе го намали холестеролот. Помага при надуеност, гасови и аерофагија (несвесно голтање на воздухот за време на оброците), па дури и при проблеми со кожата. Ја регулира работата на дигестивниот тракт, а со тоа го забрзува метаболизмот, што доведува до слабеење.
Состојки:
- Сок од половина лимон или лимета
- Чаша минерална или кокосова вода
- Половина лажичка активен јаглен
Подготовка:
Во водата додадете сок од лимон и активиран јаглен во прав. Добро промешајте и пијалокот е подготвен.
Пијалокот се пие еднаш неделно и никогаш почесто од тоа.
Забелешка: Оваа лимонада може да го намали дејството на лековите. Затоа, ако земате некои лекови, треба да обрнете внимание на двочасовниот интервал помеѓу земање лекови и пиење црна лимонада.
Лимонадата е омилен летен пијалок за многумина, тој е освежителен и многу вкусен, но кога ќе додадете активен јаглен на неа, ќе добиете и совршен пијалок за повторно раѓање на целиот организам. Токму поради активираниот јаглен, овој пијалок има црна боја, додека вкусот останува непроменет.
Активниот јаглен се добива со деструктивна дестилација на материјали од разни растенија и кора од кокос и има апсорбирачки својства, затоа ги отстранува штетните материи и токсините од телото.
