Сакате да јадете нешто слатко, немате идеја што може да биде тоа? Пред вас е вистинскиот рецепт за брза подготовка на вашата омилена крем-торта. Ледена коцка е фино, сочно, кремасто задоволство што дури и децата го обожаваат!
Состојки:
- 300 грама мелени бисквити
- 200 грама рендано чоколадо
- 100 мл млеко
Бел фил:
- 500 мл млеко
- 80 грама гриз
- 100 грама шеќер
- 200 грама кокосово брашно
Глазура:
- 100 мл слатка павлака
- 100 грама чоколадо
- 40 грама путер
Подготовка:
Најпрвин за првиот слој измешајте мелени бисквити, рендано чоколадо и 100 гр млеко и ќе го добиете првиот слој. Ставете го во садот кој сте го подготвиле за колачот.
Потоа за вториот слој згответе гриз и шеќер во млеко и додека смесата е топла, додајте го кокосовото брашно и добро промешајте. Ставете ја оваа смеса преку првиот слој.
Стопете 100 мл слатка павлака и 100 грама чоколадо со 40 грама путер. Оладената смеса прелијте ја со чоколадна глазура. Откако колачот ќе се излади преку ноќ, ќе биде цврст и лесно ќе го исечете.
Пријатно!
