Реклама
Вие едноставно нема да можете да одолеете на оваа комбинација на вкусови!
Состојки:
- 3 тиквички
- 300 гр мелено месо
- 100 гр сланина
- 1 главица кромид
- 2 чешниња лук
- 1 јајца
- 2 лажици презла
- 3 лажици рендано сирење
- 1 лажица ситно исецкан магдонос
- сол по вкус
Смеса за похување:
Реклама
- 2 јајца
- брашно по потреба
- масло по потреба
Подготовка:
Измијте ги тиквичките, исечете ги на кругчиња со дебелина од околу 1 см, извадете ја средината и оставете ги настрана.
Испржете го кромидот, додадете сецкан лук и сланина, а кога сланината порумени, додадете го меленото месо. Кога месото е испржено, тргнете го од шпоретот, а потоа додадете презла, сирење, магдонос и сол.
Реклама
Сега земете ги тиквичките и наполнете ги секоја на средината со смесата од месото која ја добивте, а потоа натопете го секое кругче тиквичка првин во брашно па во јајце и пак брашно и пржете во врело масло околу пет минути од двете страни.
Добар апетит!
