Сочно свинско печено во богат сос

Вреди да се проба:

Реклама

Вкусно печено свинско каре полно со вкус и сочност!

Состојки:

Месо:

Реклама
  • 1 кг свинско месо каре
  • 1 лажица сол

Полнење:

  • 2 лажици маслиново масло
  • 4 големи чешниња лук исецкани
  • ¼ лажичка црвен пипер
  • 1 лажица сецкан свеж рузмарин
  • 2 лажици сецкани лисја од мајчина душица
  • 4 парчиња сланина исечени на парчиња
  • 1 лажица сок од лимон

Сос:

Реклама
  • масло
  • 200 гр пилешка бистра супа или може 1 коцка супа
  • 5 лажици џем од смоква
  • 2 лажици балсамико оцет

Подготовка:

Подготовка на полнење: Додадете маслиново масло, лук и црвен пипер во мала тава што не се лепи. Гответе на средна топлина, мешајќи често околу 2-3 минути. Додадете рузмарин и мајчина душица и гответе уште 30 секунди, а потоа тргнете го од оган.

Следно, додадете сланина во блендер и блендирајте додека не стане мазна паста. Потоа додадете ја смесата со лук и билки и изблендирајте уште 30 секунди или додека смесата не се соедини.

Подготовка на месото: Наместете ја решетката на рерната на средна позиција и загрејте ја рерната на 200 степени.
Ставете го месото на даска за сечење. Сечете го месото така што ќе почнете од работ , ќе оставите да биде околу 1.5 см дебело и ќе сечете паралелно со даската. Не смеете да го искинете месото на некој дел. На крајот ќе добиете како лист месо со дебелина 1.5 см , како работна површина.

- Advertisement -

Посипете со по 1 лажица сол преку двете страни на месото и истријте го. Раширете го сега месото и таа страна која ќе биде внатрешна премачкајте ја со  со мешавина од сланина / билки /лук, оставајќи малку простор од страните.

Следно, завиткајте го месото како ролат, со тоа што страната со мрснотии ќе биде одозгора.  Ставете 6 парчиња конец за печење под месото и врзете го. Ставете го во садот за печење и оставете го во фрижидер 1 час.

По 1 час ставете го месото во рерна претходно загреана и печете околу 50 минути.
Извадете го печеното од рерна,покријте со алуминиумска фолија и оставете да отстои 20 минути. Загрејте малку маслиново масло во голема тава на силен оган. Додадете го печеното месо и така пржете додека да стане кафеаво од сите страна (ова трае околу 6-10 мин) . Извадете го месото и отсранете ги конците.

Подготовка на сос: Во тавата во која го запрживте месото, додадете 1 чаша бистра супа,  балсамико оцет и слаткото од смоква и така малку да провријат заедно околу 4 минути.

Исечете го печеното месо на парчиња дебели околу 2 см и одозгора полијте го со сосот од смоква.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -