Направете си домашни плескавици од тиквички. Едноставни се и брзи за подготовка, а сепак толку лесни и вкусни.




Потребни состојки:
- 2 помали тиквички или една поголема (300 г),
- 2 јајца,
- 2 лажици масло,
- 1 лажичка сол,
- 3 лажици бело брашно,
- 2 лажици пченкарно прашно,
- 1 кесичка прашок за печиво,
- 150 г рендан кашкавал,
- малку масло




Начин на подготовка:
Добро измијте ја тиквичката и отсечете ги краевите. Потоа изрендајте ја од крупната страна на рендето. Посолете и оставете малку да отстои, па добро истискајте ја изренданата тиквичка за да излезе сокот од неа.




Потоа додајте две јајца, две лажици масло и посолете, па промешајте. Во смесата додајте и 3 лажици бело и 2 лажици пченкарно брашно, 1 прашок за печиво, па добро промешајте за да се распоредат состојките. на крај промешајте и 150 г рендан кашкавал.




Плехот малку намастете го, па обложете го со хартија за печење. И хартијата малку намастете ја. Црпете со лажица, па по една полна супена лажица спуштајте врз хартијата на одредено растојание и малку обликувајте ги за да имаат правилна форма.




Од оваа количина приближно излегуваат 12 големи плескавици. Одозгора наросете ги со две супени лажици масло и ставете ги во загреана рерна.
Се печат на 220 степени, околу 15 минути т.е. додека убаво да заруменат.




На здравје!