Реклама
Освежувачка салата која може да се послужи и како главно јадење.
Состојки:
- 300 гр варени тестенини (макарони)
- 100 гр мајонез
- 1 лажиче сенф
- 2 лажици павлака
- 100 гр варен грашок
- 2 моркови на коцки
- 2 кисели краставички на коцки
- 200гр. сувомеснато на коцки
- 100 гр рендано сирење
- 3 варени рендани јајца
- сецкан лист од магдонос
- малку семе од сусам
- Сол, бибер
Подготовка:
1.Пригответе ги макароните и процедете ги и оладете ги. Додадете ги сите наведени состојки и добро измешајте.
Реклама
2.Калапот куглоф малку намастете го со масло и истурете ја смесата во калапот, израмнете ја добро и оставете ја во фрижидер 2-3 часа да се стегне убаво.
3.Потоа полека протресете на чинија и исечете. На средината на салатата можете да украсите со парчиња краставица и рукола или по желба. Може да се користи како главно јадење, многу е освежувачка и вкусна.
Реклама
Пријатен апетит!
