Време е за нешто топло и кремасто. Еве еден рецепт за супа која ќе ја обожавате.




Потребни состојки:
- 250 г карфиол
- 1 главица кромид
- 1 коренче целер
- 500 мл супа од коцка
- 250 мл млеко
- 100 г плаво сирење
- малку сол, црн пипер
- 3-4 кришки леб
- малку маслиново масло




Подготовка:
Карфиолот, кромидот и целерот исчистете ги и исечкајте ги на парченца. Во поголем сад, на малку масло за готвење, ставете го исечканиот зеленчукот и оставете го да се готви околу 10 минути или се додека зеленчукот не омекне.




Додадете ја супата од коцка, млекото, зачинете и оставете го да се готви околу 25 минути се додека целосно не омекне. Со рачен блендер, испасирајте ја супата.




Кришките леб исечете ги на парченца. Наросете малку сол и маслиново масло и во рерна, на 200 степени, запечете ги се додека не добијат златно-кафена боја.
Сирењето исечкајте го на поголеми парченца. Супата сервирајте ја во помали садови а одозгора ставете од печениот леб и парченца сирење.




Пријатен апетит!
Извор: мигусто.мк