Постојат многу рецепти за овој крем на Интернет. Основните состојки се претежно исти – лимон, шеќер, путер и јајца, а разликата е во мерките и во тоа дали се користат цели јајца или само жолчката. Сепак оваа верзија најмногу ќе ви се допадне.




Важно е да користите непрскан лимон за или да не користите кора. И користете само путер, не заменувајте го со маргарин.
Состојки:
- 300 гр шеќер
- рендана кора од еден лимон
- 150 мл сок од лимон
- 100 гр путер
- 2 јајца
- 2 жолчки




Подготовка:
Измешајте шеќер и кора од лимон. Ставете шеќер, жолчки и јајца во сад и добро изматете. Гответе на пареа така што во тенџере што е доволно големо за да го собере садот со јајца, истурете вода и ставете го на шпоретот за да се загрее водата. Ставете го садот во тенџерето за да не ја допира водата и варете така.




Кога масата ќе се загрее, додадете го сецканиот путер и мешајте додека не се стопи. Додадете сок од лимон и варете, мешајќи постојано, додека кремот не се згусне. Кремот е готов кога ќе остави трага зад лажицата додека се меша.




Истурете го кремот во чиста стаклена тегла и чувајте го во фрижидер до две недели. Од оваа количина состојки, се добиваат две тегли од 370 мл.
Кремот можете да го користите како намаз, полнење на слатки, кроасани, лиснато, за премачкување во торти и сл.




Добар апетит!