Ова е едно убаво и вкусно јадење, кое се приготвува едноставно, од многу малку состојки, а се добива врвен специјалитет.




Состојки:
- 1 кг пилешко месо исечено на парчиња
- 1 лажица сув зачин (вегета)
- 7 лажици масло
- 6 јајца
- 150 г остро брашно
- 1/2 лажичка сол
- 500-600 мл млеко




Подготовка:
Пилешкото месо одвојте го од коски (или замолете ги во месарата тоа да го направат наместо вас), па исечете го на помали парчиња и зачинете со сув зачин (убаво протријте го рамномерно).
Вака приготвено месо пропржете го на 3 лажици загреано масло од сите страни по 10-тина минути.




Разматените јајца промешајте ги со брашното, сол, млеко, па оставете ја смесата да отстои околу 10-15 минути.
Во огноотпорен сад или плех ставете го преостанатото масло и загрејте го. Врз загреаното масло излејте третина од смесата со јајца и брашно. Врз смесата распоредете го запрженото месо, а врз месото залијте ја преостанатата количина од смесата со јајца, брашно и млеко.




Печете во загреана рерна на 210 степени околу 20-30 минути. Печеното пилешко оставете малку да излади, исечете на порции и послужете со салата. Може да прелиете со милерам-кајмак.
Коските можете да ги сварите и да направите супа.




Пријатн апетит!