Реклама
Тартар сосот е еден од најбараните сосови. Се користи во многу комбинации, но убедливо најубав вкус му дава на прженото и похуваното пилешко месо.




Количините за тартар сосот може да се зголемат за да си имате и за следниот ден, ако остане.
Реклама
Состојки:
- 200 г мајонез
- 2 големи лажици павлака
- 5 кисели краставички
- 2 чешниња лук
- 1 лажица магдонос
- 1 лажица копар
- 1 лажичка сенф
- сол, црн пипер




Подготовка:
Краставичките изрендајте ги на најситниот дел од рендето.
Во еден сад додадете ги мајонезот, павлаката, ренданите краставички, сечканиот копар и магдонос, ситно исечканото лукче (ако немате преса за лук, може да го истолчите) и зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Реклама




Убаво промешајте додека сите состојки да се соединат.




Добар апетит!