Пржено лепче со банана и чоколадо: Зачувајте го овој рецепт и уживајте во неговата подготовка и вкус!

Вреди да се проба:

Реклама

Еден прекрасен десерт кој може да го подготвите и за време на појадок, во комбинација со чаша млеко. Насладете се на овој примамлив десерт и уживајте во вкусот.

Состојки:

  • 8 парчиња леб
  • 200 мл. млеко
  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер во прав
  • 1 лажица стопен путер
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка цимет
  • 1 банана
  • сок од половина лимон
  • 250 гр. чоколадо за готвење
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 125 гр. путер
  • 3 јајца
  • 30 гр. брашно
  • 100 гр. бадем

Начин на подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа и оставете го малку да се излади. Изматете ги путерот и шеќерот додека не добиете пенеста структура, па постепено додајте ги јајцата и чоколадото.

Реклама

Потоа додадете брашно и мелени бадеми. Варете на пареа две до три минути, потоа покријте и ставете го во фрижидер 30 минути.

Исечете го лебот на парчиња. Во сад со вилушка изматете ги јајцата и млекото. Во тава загрејте ги путерот и маслото. Потопете го лебот во смесата со јајцата, извадете го и ставете го да се пржи на загреаното масло.

Реклама

Пржете неколку минути од едната, па од другата страна додека не добие кафеава боја. Извадете го лебот на хартија за да ја прими вишокот маснотија.

Исечете ги бананите на парчиња, а потоа посипете ги со сок од лимон. Секоја кришка леб премачкајте ја со изладениот чоколаден фил, ставете неколку парчиња банана врз неа, покријте со друга кришка леб и посипете со многу шеќер во прав и цимет.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -