БАДЕМ ТОРТА – Кралица меѓу слатките деликатеси!

Вреди да се проба:

Реклама

Апсолутна слатка рапсодија од вкусови. Никој неможе да одолее на оваа вкусна торта, апсолутна кралица меѓу слатките деликатеси.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 200 грама печени бадеми (мелени)
  • 6 белки
  • 1 лажичка сок од лимон

За фил:

Реклама
  • 6 жолчки
  • 200 грама шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • малку екстракт од ванила
  • 250 грама путер
  • 1 лажица брашно
  • 300 мл. млеко
  • 150 грама мелени бадеми
  • 250 мл. слатка павлака
  • 100 грама бело чоколадо
  • 50 грама сецкани бадеми

Подготовка:

Во длабок сад издвојте шест жолчки од јајцата. Најпрво изматете шест жолчки со половина од шеќерот, се додека не станат како пена, а потоа додадете половина од бадемите и внимателно додавајте ги издвоените белки од јајцата.

Матете со миксер додека не добиете убава хомогена смеса. Вака подготвена смесата се става во голем намаслен плех се пече на 200 степени. Откако ќе се испече се остава да се  олади и потоа се сече по должина на три еднакви дела.

Реклама

За втората кора, во длабок сад убаво изматете ги белките, да добиете снежно пенеста смеса. Потоа со постојано матење додавајте една по една лажица од преостанатиот шеќер. Додадете го сокот од лимон и другата половина од бадемите и измешајте убаво.

Ставете ја кората во голема тава да се става да се суши во рерна на 170 степени околу 45 минути. Изладената кора истотака исечете ја на три дела.

За првиот фил изматете ги жолчките заедно со шеќерот, ванилиниот шеќер и екстрактот од ванила. Потоа додадете го брашното измешајте и истурете ја смесата во млекото, ставете да се вари на оган со постојано мешање.

- Advertisement -

Откако ќе се свари кремот, оставете на страна да се олади. Во изладениот крем додадете го омекнатиот путер, па мелените бадеми и соединете.

За вториот фил загрејте ја павлаката да зоврие, па потопете ја чоколадата и измешајте, додека се изедначи смесата. Оставете да се излади, па ставете ја во фрижидер малку да се стегне.

Редете ги корите по следниот редослед, прва кора, па крем од ванила-бадем, втора кора, па чоколаден крем и се така додека не ги потрошите филот и корите. Одозгора филувајте со шлаг и посипете ја тортата со сецкани бадеми.

Добар апетит!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -