Рецепт за лековитиот БОРОВ СИРУП : Одличен лек за болно грло, кашлица и исфрлање на секрет!

Вреди да се проба:

Реклама

Ви подготвивме рецепт за добро познатиот и лековит боров сируп од млади борови иглички. Се надеваме дека некому ќе помогнеме со овој природен сируп.

Идеален е за деца и возрасни, а помага при разни настинки, кашлица и отечено грло.

Реклама

Потребни состојки:

  • 400 гр. млади борови иглички
  • 1 кг. кристален шеќер (или мед)

Подготовка:

Наберете млади борови иглички околу 400 грама. Берете ги само младите пупки кои имаат светлозелена боја. Измијте ги под студен млаз вода и наредете ги на кујнска крпа да се потсушат, најдобро преку цела ноќ.

Во голема стаклена тегла прво ставете ги боровите иглички, па наросете ги одозгора со шеќер. Ставете 1 килограм обичен кристален шеќер. Или може да ги редите на следниот начин ред иглички, ред шеќер се така додека ги потрошите игличките.

Реклама

Потоа затворете ја херметички теглата и ставете ја на сончев прозор околу 40 дена со повремено протресување (да не се отвора).

За да го добиете лековитиот сируп потребни се 3 до 4 месеци, во зависност од тоа каде ќе ја чувате теглата. Постапката е побрза доколку таа е изложена на сонце.

Кога сонцето и природата ќе си го направат своето, вие ќе добиете готов производ без рок на траење.

- Advertisement -

После 40-45 дена сирупот процедете го низ густа газа, тогаш сирупот може да се консумира.

Се користи по потреба, по една супена лажица 2-3 пати дневно. Се употребува при кашлица и густ секрет. На деца се дава после навршување на 1 година и со консултација на лекар.

Совет плус: Наместо шеќер може да се стави мед.

За одржување: 1 лажица дневно, најдобро пред оброк или помеѓу оброци.

На здравје!

- Advertisement -

Последни рецепти

Повеќе рецепти

- Advertisement -