Реклама
Нема подобар доручек или ручек од здрав. Направете домашна паштета од туна.




Состојки:
- 160 гр туна во конзерва
- 2 тврдо варени јајца
- 100 гр крем сирење
- 1 лажица сенф
- 1 лажица сецкан магдонос
- 1 лажица сок од лимон
- 4 лажици мајонез
- сол, бибер




Подготовка:
Ставете ги сите состојки освен јајцата во блендер и мешајте кратко. Проверете го вкусот, ако сакате додадете повеќе сок од лимон и сол за поинтензивен вкус.
Реклама




Паштетата едноставно намачкајте ја на лебче, или јајцата сварете ги, исечете ги на половини и пополнете ги со паштетата и украсете со маслинки. Држете ја паштетата во фрижидер додека не ја сервирате.




Добар апетит!