Кинеската салата традиционално се приготвува со варен ориз, кисели краставички, бело сирење, лук и павлака. Брза е и лесна за подготовка и што е најважно не содржи глутен.




Состојки:
- 1 чаша ориз, варен и цеден
- 100 гр кашкавал
- 100 гр салама
- 150 гр бело сирење
- 5-7 кисели краставички
- 100 гр ореви
- 2-3 чешниња лук (може да користите лук во прав по желба)
- 2 кисели павлаки
- сол по вкус.




Подготовка:
Оризот, исчистете го и сварете го. Варениот ориз исцедете го.
Кашкавалот, саламата и киселите краставички исечкајте ги на мали коцки. Белото сирење издробете го со виљушка.




Оревите сомелете ги. Чешнињата лук исчистете ги и во сад за толчење истолчете ги.
Во длабок сад ставете го варениот цеден ориз, исечканиот кашкавал, салама, кисели
краставички, дробеното сирење, мелените ореви и толчениот лук. Добро измешајте ги
состојките, а потоа додајте ја едната павлака.




Уште еднаш измешајте ја салатата и ставете ја во помали чинии. Одозгора премачкајте ја со павлака и украсете по желба.
Приготвената кинеска салата чувајте ја во фрижидер до служењето.




На здравје!