Со што ја зачинувате зелената салата? Покрај класичното масло, оцет и сол, можете да додадете уште неколку едноставни состојки од оставата и фрижидерот и да направите вкусен прелив за салата што значително ќе го подобри вкусот.
Состојки:
- 80 мл екстра девствено маслиново масло
- 60 мл вински оцет
- 1 лажица сок од лимон
- 1 чешне лук
- 1 лажичка сенф дижон
- 1 лажичка сушено оригано
Подготовка:
Излупениот лук притиснете го преку преса, или рачно исечкајте го на мали парчиња. Ставете го лукот во тегла (со капак).
- Advertisement -
Во лукот додадете маслиново масло, свежо исцеден сок од лимон, сенф дижон, вински оцет и исушено оригано. Покријте ја теглата и добро измешајте.
Истурете дел врз зелената салата. Доколку ви преостане прелив, чувајте го во покриената тегла во фрижидер и чувајте го до пет дена.
Добар апетит!