Доколку сакате сите да ја пофалат и уживаат во храната што сте ја подготвиле, особено кога станува збор за прослави, тогаш пробајте да ја направите оваа солена торта. Уживајте во совршените солени коцки.




Состојки:
- 430 гр. солена розова кора (8 кори),
- 700 гр. павлака,
- 100 гр. крем сирење,
- 150 гр. мајонез,
- сол,
- 250 гр. шунка,
- 4 јајца,
- 100 гр. кисели краставички,
- 150 гр. тврдо сирење (сирење, гауда).
Подготовка:
Сварете ги јајцата и оставете ги да се оладат. Во одделни садови изрендајте сирење, јајца, шунка и краставици. Во друг сад измешајте павлака, мајонез и крем сирење. На страна одделете околу 350 грама фил (за украсување). Поделете го остатокот од филот на два еднакви делови.




На едната половина додадете рендани јајца и шунка. Во другата половина, додадете рендани краставици и 100 гр. сирење. Добро измешајте ги состојките.
Наредете ја кората со фил од шунка и јајца, одозгора ставете друга кора и наредете фил со краставици и сирење, потоа повторете ја постапката со следната кора и редете ги така се додека не го потрошите филот. На крајот треба да има кора.




Ставете крпа или фолија над кората и одозгора ставете книга или некој товар. Оставете да отстои најмалку 30 минути.
Потоа, премачкајте ја целата торта со фил од кисела павлака, мајонез и крем сирење (кои ги одделивте на почетокот). Одозгора посипете рендано сирење.
Тортата се сече на коцки или штангли.




Уживајте во вкусот!